Актуелниот француски шампион ПСЖ со убедлива победа од 5:0 над Сент Етиен го затворија последното коло од француската Лига 1.
Натпреварот го одбележа Златан Ибрахимовиќ, кој постигна хет – трик. Совладана беше екипата на Сент Етиен, која до оваа коло немаше пораз и имаше само еден примен гол.
На другите натпревари одиграни беа постигнати следниве резултати: Мец – Олимпик Лион 2:1, Бордо – Бастија 1:1, Каен – Рен 0:1, Ленс – Ремс 4:2, Лориен – Генгамп 4:0, Нант – Монпеље 1:0, Тулуз – Евиан 1:0, Монако – Лил 1:1 и Олимпик Марсеј – Ница 4:0.
Табела: Бордо 10 бодови, ПСЖ 8, Лил 8, Олимпик Марсеј 7, Рен 7, Лориен 7, Нант 7, Сент Етиен 7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


