| четврток, 6 декември 2018 |

Политичар им се навртел на улиците со името на Јосип Броз. Еве што му порачала внуката на Тито

Откако хрватскиот десничарски политичар Томислав Карамарко изјавил дека ако ХДЗ дојде на власт ќе исчезнат улиците со името на Јосип Броз Тито, внуката на поранешниот југословенски претседател, режисерката Саша Броз решила ирочнично да му одговори, пренесуваат хрватските портали

Браво за Карамарко, тој е мојот нов идол. Навистина не е едноставно да се најде соодветен „лек“ за ова наше болно општество. Знаев дека еден ден ќе дојде мојот принц со топол, нежен поглед, заштитнички расположен кон тепачката нација. Да живее 1.000 години“, напишала Саша Броз на својот профил на Фејсбук.

Таа потоа продолжила во истиот тон:

„Ми доаѓа да се вратам во детството и конечно да научам нешто од историјата, а не сите оние лаги со кои израснавме. Јас ќе гласам за тоа, кога Хрватите конечно ќе се ослободат од проклетиот дух на мојот дедо, сите улици и плоштади што го носат неговото име да се преименуваат во Плоштади на Томислав Карамарко племенитиот човек. Тогаш гола ќе се избањам во Мандушевац. Томице – ТЕ САКАМ“, гласи ироничниот статус на театарската режисерка.

Да потсетиме, првиот човек на партијата ХДЗ порача дека Тито погрешно се претставува како хедонист, односно нормален човек, додека е „еден од десетте најголеми светски злосторници, таен соработник на НКВД и Сталин, извршител на илјадници убиства кој мора да биде санкциониран“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top