| четврток, 6 декември 2018 |

Евгениј Поп Ацев најбрз во трката на Козјак

Поп Ацев оствари време од 2.05.47, второто место му припадна на Александар Илиевски со вкупно време од 2.06.17, а третото место му припадна на Андреј Стојановски кој оствари време од 2.21.14.

На истата релација кај жените забележани се два пласмани и тоа кај Елена Атанасова и Марија Јаневска која беше второпласирана.

Во трката на 2. 500 метри кај девојчињата со наполнети 13 и 14 години победи Бојана Стефановска, додека во машка конкуренција на истата патека првото место го освои Давор Петковски.

На 5 000 метри во конкуренција на мажи со наполнети 17 години, првото место го освои Никола Василевски, додека кај жените на истата патека првото место и припадна на Ева Барамчева.

На стартот на трките на Козјак имаше вкупно 32 пливачи, од кои седуммиина се откажаа во текот на трките.

Третиот и последен натпревар од Купот на Македонија во далечинско пливање ќе се одржи на 17 септември на Дојранското Езеро, со што ќе се заокружи годинешната сезона. Наградите на најдобрите им ги додели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top