| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул убедлив на гостувањето против Тотенхем

Liverpool vs SouthamptonФудбалерите на Ливерпул славеа убедлива победа против Тотенхем во дербито од 3.коло на англиската Премиер лига. На средбата одиграна попладнево во Лондон на „Вај Харт Лејн“ екипата на Ливерпул славеше со 3:0 против Тотенхем.

Уште во осмата минута со голот на Рахим Стерлин, гостите најавија дека ќе одат на полн плен. По само четири минути игра во второто полувреме, Ливерпул веќе поведе со 2:0 со голот на капитенот Стивен Џерард од пенал. Конечните 3:0 ги постави Алберо Морено во 60-минута.

Ова е втора победа за Ливерпул, а прв пораз за Тотенхем на почетокот од новата сезона во Премиер лигата.

Во вториот натпревар одигран попладнево Астон Вила со 2:1 го победи Хал.

Колото ќе биде комплетирано со средбата Лестер – Арсенал која ќе започне од 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top