Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев од денеска, следните две сезони ќе ги помине во Турција, односно ќе го засили тимот на Галатасарај.
– Продолжувам во Галатасарај. Чест ми е што ќе играм во овој голем клуб и ќе имам можност да играм во Лигата на шампионите“, изјави Пандев за „Македонски спорт“ само неколку минути по потпишувањето на договорот.
– Не можев повеќе да издржам таму. Затоа си заминав. Галатасарај за мене е нов предизвик“, рече Пандев.
Иако имаше опции за заминување во Франција и Англија, како и останување во Италија во Милан, сепак се реши да се пресели во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


