| четврток, 6 декември 2018 |

Причини поради кои мажот е несреќен во бракот

Ова се причините кои најмногу ги мачат мажите во брачниот живот.

Ги доживувате како банкомат или мајстор за домашни поправки

Мажте сакаат да се чувствуваат ценето, посебно ако се вратиле од работа која за нив е многу стресна. Моментот кога ќе ја поминат влезната врата не е идеален за да им дадете список на работи кои треба да ги купат во продавница или да ги направат во домот.
Брачните тераевти советуваат триесет минутна меѓузона во која мажот ќе се адаптира дома, а жената на неговото враќање во семејното гнездо.

Сте престанале да имате забавни активности

Додека сте биле во врска сте ја делел љубовта кон спортот, готвењето или читањето книги? Мажите не сакаат кога бракот ќе им ја укине забавата во животот. Да, тие имаат пријатели со кои можат да отидат на фудбал или пиво, но би сакале заедно да уживате во некоја забавна активност. Терапевтите советуваат да најдете еден ден во неделата или месецот кога ќе се посветите токму на
тоа.

Копнеат за разговор кој не се однесува само на децата

Секако дека децата се центар на вашиот свет, но тоа не значи дека сто проценти од времето треба да разговарате за нив. Мажите би сакале со нив од време на време да поразговарате за некои нови идеи, планови или цели, дури и за некое глупаво видео на јутјуб – и тоа по можност кога децата ќе отидат на спиење.

Сакаат повеќе секс

Во почетната фаза на врската не сте можеле да ги тргнете рацете еден од друг, но сега поминуваат месеци без страствен занес на чаршафите? Во долгогодишен брак тоа е нормално. Но имајте на ум дека либидото на мажот е лесно скротлива ѕверка ако се најде слободно време за попатни уживања.
Ангажирајте го баба – сервисот за чување на децата, опуштете се во купка и препуштете му се на сензуалното истражување.

Многу работа 

Линиите на класична поделба на работите на машки и женски одамна се избришани. Мажите генерално немаат проблем со жена која има кариера надвор од рамките на домот, но бескрајно ги нервира ако работат по цел ден или работата си ја носат дома. Овој проблем најтешко се решава, но не е нерешлив. Важно е да најдете рамнотежа помеѓу приватното и деловното, и заедно со партнерот договорете ги границите. На пример: забранете си проверување на деловната електронска пошта по 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top