Вчера околу 07,30 часот на локален пат с. Ново Село – Мокриево, на влез во с. Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „опел вектра” со струмички регистарски ознаки излетало од патот и на лице место починал Горан П.(31) од с. Ново село, струмичко.
Со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник З.П.(31) од истото село, по укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица истиот е задржан за понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


