НАТО планира да размести пет бази во источна Европа на териториите на Литванија, Летонија, Естонија, Романија и Полска, соопшти германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, цитиран од ИТАР-ТАСС.
Согласно планот на Северноатлантската Алијанса, во секоја од базите долгорочно ќе бидат дислоцирани до 600 војници, соопшти весникот, цитирајќи извор од НАТО. Други суштински детали за планот не се наведуваат.
Планот детално ќе биде разгледан на средбата на врвот во Велс, на 4 и 5 септември. Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, во интервју за истиот весник, истакна дека Алијансата планира да има повидливо присуство во источна Европа.
Според него, во Велс ќе се донесе одлука за зголемување на ефикасноста на силите за брзо реагирање. Тоа на НАТО ќе му овозможи да реагира пооперативно при ново појавените опасности, рече Расмусен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


