Партијата за чие дејствување и владеење во сите изминати години заштитен знак се меѓуетничките недоразбирања, судири и тензии, и денес се обиде одговорноста да ја наметне во опозицијата – реагираше денес опозиционата СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДМПНЕ.
Игор Ивановски, член на Извршниот одбор на СДСМ рече:
„Навистина не ни е јасно зошто Груевски по секоја цена сака меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за локалните избори. Наместо смирување на страстите, денес режимот долева масло на оганот. Ваквото безобзирно однесување е директно потценување на граѓаните. Зарем некој во Македонија го заборави инцидентот на скопското Кале каде главни актери беа функционери на оваа владејачка коалиција? Ги заборави ли некој меѓуетничките тензии, протестите кои се случија лани после Вевчанскиот карневал, кога беа каменувани автобуси и сквернавени православни храмови? Од чии редови беа градоначалниците на Вевчани и Струга? Зарем јавноста не се сеќава на тепачките во автобуси, и хулиганските пресметки со меѓуетнички предзнак кои се случуваа на мостот на скопско Нерези? Кој ги подигна меѓуетничките тензии со режираниот хаос во Собранието за законот за бранители? И сосема логично, јавноста се уште го чека одговорот по кои критериуми за премиерот, Фатмир Бесими беше помалку прифатлив од Талат Џафери за министер за одбрана? Груевски и ВМРО ДПМНЕ не можат да избегаат од сопствената одговорност за она што и се случува на Република Македонија. Затоа, му порачуваме на ВМРО ДПМНЕ да не се обидува на било каков начин со нас да ја подели одговорноста за нивните неодговорни политики, двојни аршини, коалициски пазари и кадровски комбинаторики. СДСМ најостро ги осудува инцидентите и повикува на смиреност. Апелираме до сите политички партии да покажат зрелост и веднаш да престанат да ги злоупотребуваат меѓуетничките односи за дневно политички цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


