| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбардирање во Доњецк, страдаат цивили

Во новото бомбардирање на Доњецк загинати се најмалку двајца цивили, додека украинската војска покренала офанзива во Луганската област, пренесуваат руските и украинските медиуми.

Повторно од артилериско оружје е пукано кон Петровскиот и Киевскиот регион. Штетите се утврдуваат. Досега е познато дека двајца цивили загинале во петровскиот регион“ се наведува во соопштението на градските власти.

Во соопштението се наведува дека состојбата од утрово е напната и дека жителите на Киевскиот и Ленинскиот регион јавуваат дека периодично се слушаат пукотници и експлозии, пренесува украинската агенција УНН.

 Претставник на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андреј Лисенко рекол дека украинската војска почнала офанзива во Луганската област.

 Лисенко рекол дека украинската војска продолжува да се утврдува кај Марипољ на југот од Доњецката област. Сите главни влезови во Марипољ се под засилен надзор и формирани се единици за одбивање на тенковските напади.

 Министерот за одбрана на Доњецката Народна Република Владимир Кононов тврди дека украинската војска, без оглед на предлогот да го искористи хуманитарниот коридор и излезе од округот кај Иловајска се обидува да го пробие обрачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top