Русија се наоѓа во војна со Украина, а практично и со Европа, оцени денеска претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите, повикувајќи ја Европа воено да го опреми Киев.
-Факт е дека Русија се наоѓа во состојба на војна против Украина. Тоа значи дека таа е во состојба на војна и против државата која сака тесна интеграција со Европската унија.
Русија практично е во состојба на војна против Европа, им кажа претседателката на Литванија на новинарите во Брисел по доаѓањето на самитот на ЕУ.
-Тоа значи дека ние треба да и помогнеме на Украина…да ја одбрани својата територија и својот народ, да и помогнеме воено, посебно со воен материјал за да се одбрани, бидејќи таа сега води војна во име на цела Европа, рече Грибаускаите, пренесуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


