| четврток, 6 декември 2018 |

Кадетите на Македонија против Грузија во натпревар за 9. место

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство – Б дивизија што се игра во Струмица. Во дуелот за 9. место противник на нашите кадети е
селкцијата на Грузија. Почетокот на дуелот е во 18:15 часот.

Македонија синоќа ја победи Бугарија со 80:68, додека Грузија постигна убедлив триумф над Холандија со 92:37. Во рамките на групата (првата фаза) Грузија ја победи Македонија со 87:77 и со тоа нашите кадети останаа без пласман во четвртфиналето.

Во борбата за првото место на шампионатот ќе играат Израел и Црна Гора, а за третото место е дуелот Чешка и Англија. Трите првопласирани репрезентации следната сезона ќе играат во А дивизијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top