| четврток, 6 декември 2018 |

Мапа на најбогатите луѓе во Европа

Сајтот „Редит“ објави мапа на најбогатите компании на Стариот континент. Најбогатиот Италијанец Михаел Фереро од компанијата “Нутела” има богатство од 27 милијарди долари.

Над него се само Французинката Лилијан Бетанкур, сопственичка на компанијата „Лореал“ со 37 милијарди и Амансијо Ортега, сопственикот на шпанскиот малопродажен синџир „Зара” чие богатство вреди дури 62 милијарди долари.

Дитер Шварц – германскиот трговски синџир „Лидл“ e тежок 21 милијарди, додека империјата на Кејд Кирк, сопственикот на поголемиот дел акции од групата „Лего“ вреди 10 милијарди.

Најбогат во регионот е Хрватот Ивица Тодориќ, сопственик на компанијата „Агрокор“, со 1,1 милијарди долари. Во Македонија тоа е сопственикот на компанијата „Макстил“, Минчо Јорданов.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top