| четврток, 6 декември 2018 |

Четири децении од најголемата железничка несреќа во Хрватска

Денеска се навршуваат 40 години од кога на загрепската Главна станица се случи најголемата железничка несреќа во Хрватска и тогашна СФРЈ, во која загинаа повеќе од 167 лица, а некои не можеле да бидат ни идентификувани.

Меѓународниот воз од Атина, преку загреб до Дортмунд, поради преголема брзина на кривината пред станицата излетал од шините.

Возот во кривината влегол со брзина од 100 километри на час, иако дозволената брзина била двојно помалку, што предизвика оштетување на ваганоите и нивно превртување.

Новинската агенција ХИНА потсетува дека вагоните со загинатите и повредените останале распрснати низ целото подрачје, давајќи ужасна глетка, а подоцна повеќето од нив се погребани во заедничка спомен гробница на Мирогој.

За несреќата, во која преживеаа 90 патници, одговорни беа машиновозачот – осуден на 15 години затвор и неговиот помошник – осуден на осум години затвор. Со истрагата бше утврдено дека тие работеле вкупно 45 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top