| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот и грмежите се враќаат попладнево

По паузата со сончево време и повисоки температури, во едно од најдождливите лета досега, ни се враќа нестабилното време. Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно и потопло со подолги сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи во западните делови на земјата.

 Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната дневна ќе изнесува од 27 до 33 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневнит ечасови ќе има услови за локален слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти на 16 степени, а максималната ќе достигне 29.

Ув индексот ќе иснесува шест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top