| четврток, 6 декември 2018 |

Прекин на мрежите Телеком и Т-Мобиле

Македонски Телеком АД Скопје и Т-Мобиле Македонија информира дека поради проблем  во електричното напојување, мобилните услуги биле со прекини од 13:40-15:20 часот, во регионот на Битола, Прилеп, Охрид,Струга, Ресен и Кичево, додека прекин на фиксната мрежа имало само во регионот на Битола.

Стручните екипи на компанијата, веднаш реагираа по што и ги вратија сервисите во функција во најкраток можен рок.

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, се извинуваат за настанатите пречки и понатаму максимално брзо и ефикасно ќе реагираат во сите ситуации за непречено користење на услугите од страна на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top