Македонскиот топ модел со светска кариера, Елена Трајановска веќе два месеци е во Њујорк под водство на светската модна агенција Woman каде успешно ја гради својата интернационална кариера. После различните ангажмани помеѓу кои и за реномираното списание Elle, како и улогата на ново лице за козметичката куќа MAC, последниве два дена Елена неуморно работеше за новиот каталог на престижниот Mercedes Benz каде е главен лик во најновата кампања која промотивно ќе се појави во Февруари со два нови модели на истоимената компанија., пренесува „Фешнел“.
Повеќе на „Фешнел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.