| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата мора да може и мора да сака да учествува во парламентот

„Опозицијата мора да може и мора да сака да учествува во парламентот“, се нагласува во дел од декларацијата која произлезе од берлинскиот самит, на кој учествуваа лидерите од земјите од регионот, членки на Европската унија и претставници на Европската комисија.

„Во плурална демократија, опозицијата мора да може да ја игра својата улога во парламентарната рамка, и исто така мора тоа да го сака. И политички активно граѓанско општество може да овозможи конструктивна поддршка за натамошното зајакнување на демократските заедници во овие земји и така да ги приближи до ЕУ. За тоа се потребни плурализам на медиумите, независни синдикати и стопанство кое ќе ја исполни својата улога како дел од заедницата, ослободено од политичко мешање. Германија останува посветена на зајакнување на слободтаа на медиумите во регионот“-стои во декларацијата од Берлин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top