Петмина реномирани балкански писатели ќе бидат гости на првиот фестивал на балканската проза „Про-За Балкан“ што од 4 до 6 март се одржува во Скопје.
Владислав Бајац од Србија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Андреј Блатник од Словенија, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора се први учесници на првиот фестивал на прозата во Македонија, чија цел е да ја промовира балканската книжевност, вмрежување на автори и издавачи од регионот и создавање платформа за подобра идна соработка. Учесниците ќе бидат претставени на свеченото отворање утре во кино „Фросина“.
Фестивалот ќе додели и награда за развој ан балканстака книжевнсот „Прозарт“, а прв добитник е Владислав Бајац.
Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Икона“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



