
Малезиската полиција денеска ги предупреди странските работници дека мора да ги почитуваат законите на оваа држава или ќе се соочат со сурова и непоколеблива акција на полицијата.
Ова предупредување доаѓа по минатонделените протести на над 1.000 странски работници во една компанија за електронски производи. Странските работници се жалеле на лоши услови за работа во компанијата која произведува делови за неколкумеѓународни гиганти во електрониката, а излегоа на протест од како еден работник почина поради тоа што вдишувал опасни хемикалии на работното место.
Полицијата со сила ги растури работниците што протестираа и уапси 42 од нив, најголем број државјани на Непал.
Со локалната адмнистрација во провинцијата Џохор Бару, која се граничи со Сингапур, разговараа повеќе амбасадори од земјите чии жители се на работа во Малезија, но од полицијата добиле одговор дека апсењата и спречувањето на протестите се во рамките на правилата што ги предвидуваат малезиските закони
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каракамишева: Успешен референдум ќе ја испере вината на странците и посебно вината на власта!
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
Што прво бараат странците на „гугл“ за Македонија пред да ја посетат


