Учеството на претседателот на Република Македонија на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Турција, беше можност за претседателот Иванов да оствари неформални средби со негови колеги.
На средбите со новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и со новиот премиер, Ахмед Давутоглу, претседателот Иванов им го честиташе преземањето на новите функции.
Во разговорите беше нагласено взаемното задоволство што двете земји традиционално негуваат исклучително пријателски односи, кои се на ниво на стратешко партнерство. Взаемен заклучок е дека во наредниот период во фокусот на соработката треба да бидат економијата и инвестициите.
На интерес на соговорниците, претседателот Иванов ги запозна со актуелните политички и економски состојби во Република Македонија. На средбите беше разговарано и за состојбите во евроатлантските интергации на Република Македонија, како и за претстојниот НАТО Самит во Велс. Беше договорена динамика на средби и размена на посети во наредниот период.
Во разговорите со Емирот на Државата Катар беа разменети информации и мислења за развојот на билатералните односи, и беше договорена размена на посети во наредниот период со цел давање на дополнителен импулс во соработката. За можностите за јакнење на билатералните односи и соработка, претседателот Иванов разговараше и со претседателот на Казахсатан, Назарбаев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Ердоган: Им дадовме снимки за убиството на Кагоши
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме


