| четврток, 6 декември 2018 |

Во лизгање на земјиште во Кина загинаа 14 лица

China Landslide

Најмалку 14 лица загинаа, 22 се повредени и 11 се сметаат за исчезнати во лизгањето на земјиштето кое прекри село во југозападна Кина, соопштија денеска кинеските медиуми.

Повеќе од 600 припадници на спасувачките тимови трагаат по преживеаните во селото Јингпиинг во провинцијата Гуиџоу,каде во одронот кој се случи во средата навечер, урнати се 77 куќи, јави кинеската новинска агенција Синхуа.

Во одронот оштетен е и еден резервоар за вода, што предизвика поплава и дополнително го загрози погоденото подрачје. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top