Можноста за снимање холивудски филмови во Македонија за продуцентската компанија HMB-Hollywood Mеdia Bridgе денеска ќе биде презентирана во присуство на филмскиот продуцент и оскаровец Тимоти Марлоу, соопшти Агенцијата за промоција на поддршка на туризмот.
HMB-Hollywood Mеdia Bridgе соработува со холивудските студија Warner Bros, MGM, Paramount, Universal Studios, Sony Pictures…, а има и успешна соработка со телевизиски канали, како Fox Channel, Reeiz Channel, SyFy, Lifetime…
Тимоти Марлоу има своја продукциска куќа и работи со филмскиот продуцент Фил Голдфајн, оскаровец и основач на Hollywood Mеdia Bridgе. Марлоу е извршен продуцент на филмовите: Legend, Badge of Honor, The Lady in number 6 (за кој доби Oскар), The Cycle, Giganthropithicus.
Прес-конференција со продуцентот Марлоу ќе одржат директорите на Агенцијата за промоција на поддршка на туризмот (АППТ) и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Кристијан Џамбазовски и Виктор Мизо.
АППТ информира и дека ќе организира инфотура за Фил Голдфајн, Тимоти Марлоу, за новинарот и продуцент Перси вон Липински и снимателот Роб Хабер за да ги запознаат убавините на Македонија. Перси вон Липински со тимот соработници ќе сними 15 кратки промотивни филмови за Македонија кои ќе се емитуваат на пет странски јазици на каналот Јутјуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура