Јужна Грција утринава беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала, а засега нема информации за евентуални жртви материјални штети. Епицентарот на земјотресот, како што наведуваат од Геофизичкиот институт во Атина, е локализиран во Критското Море, на 120 километри, источно од Спарта, на полуостровот Пелопонез.
Потресот бил почувствуван и на островот Крит, како и во Атина, а по него следувал и втор удар со јачина од 4,7 степени.
Грчките сеизмолози земјотресот го вбројуваат во оние со средна длабочина и оценуваат дека не треба да предизвикуваат загриженост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција