| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица: крвава тепачка за дрва

тепачка58-годишниот П.С. од селото Градашорци, пријавил дека истиот ден околу 8 часот, тој со неговите пријатели Р.Ѓ., В.К., В.П. и С.К. пристигнале на своите имоти на местото викано „Ѓерено“ во атар на селото Варварица. На имотот на пријавителот биле затекнати пет лица од селото Баница, кои биле со две запрежни коли натоварени со дрва и една празна запрежна кола.

Во истиот момент започнала вербална расправија помеѓу струмичанецот и неговите пријатели од една страна и затекнатите лица од друга страна, во врска со натоварените дрва, по што лицата заминале.

Откако пријателите на пријавителот се разотишле на своите имоти и на наведеното место останале само пријавителот, Р.Ѓ. и В.К., забележале како им се доближуваат околу 15 лица од селото Баница, помеѓу кои бил и В.И.

Веднаш штом се доближиле едно од лицата замавнало со дрво и го удрило П.С. по главата. Од нанесениот удар П.С. се здобил со тешки телесни повреди, раскината лева ушна школка и скршеница на коските на черепот, по што е пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

Полицијата во Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top