| четврток, 6 декември 2018 |

Геополитичките амбиции на Ердоган

Во време кога во Европа и во други краеви од светот доминира политичката содржајност, Реџеп Таип Ердоган, новиот претседател на Турција, не ги крие своите амбиции.

Ако го исклучиме Владимир Путин, тоа е единствениот лидер кој е наклонет кон силен динамизам. Ердоган верува дека Турција треба да стане фактичка сила на Блискиот Исток, за да може да се „изедначи“ со оние во Европа.

Неговиот проблем е што географската поставеност на Турција помеѓу истокот и западот вклучува и позитивни и негативни страни. Тоа е причината зошто Ердоган често претерува. Всушност, постои и историска и географска логика во амбициите на новиот турски претседател

Додека Кемал Ататурк го ставаше акцентот на армијата, Ердоган, како впрочем и Јозал, наклонува кон „умерена моќ“ во цивилизиацијата и во економските врски, кои тој ги изгради и кои се обидува да ги лансира на целата териториија на некогашната Отоманска Империја, од северна Африка до планините во Иран и до централна Азија.

Како што наведува истакнатиот исламист Маршал Хегсон од Универзитетот во Чикаго, исламската религија има свои корени во религијата на трговците, кои привлекуваат и обединуваат поединци од едниот и од другиот земски рај.

Erdogan sworn in as president of Turkey

Исламската историја вели дека тоа се религиозни врски на целата територија, од Блискиот Исток до Индискиот океан. Тие ги определуваат и економските врски со политичка поткрепа.

Ердоган разбира дека лансирањето на умереното муслиманство на Блискиот Исток е сложен процес и дека е потербна политичка и воена моќ со која тој всушност и не располага. Турција ќе развива трговски односи со своите источни соседи, но тие никогаш нема да ги достигнат размерите на размената на стоки во Европа.

Можеби Ердоган успеал, како што самиот вели, „да оживее“ во целиот исламски свет заради својата остра реакција кон Израел, но тоа си има и своја цена: тоа е затоплувањето на врските на Израел со Грција и со грчкиот дел од Кипар, факт кој им овозможува на противниците на Турција во источното Средоземноморие да се обединуваат во експлоатацијата на енергетските извори.

Erdogan sworn in as president of Turkey

Фактичата поделба на Ирак ја принуди Турција да се придржува кон една поумерена позиција кон курдите во северен Ирак. Таквата состојба во извесна смисла го поткопа влијанието на Турција во останатиот дел од Ирак.

На еден начин тоа ги поткопа сите турски обиди за влијание во Иран. Ердоган сака де факто да има влијание на Блискиот Исток, но проблемот му е што „неговата“ Турција останува дел од Блискиот исток и не може да се измолкне од сегашната комлицираност во тој регион.

Ердоган знае дека треба да го реши внатрешниот курдски проблем, и да придобие поголемо влијание во регионот. Една полуавтономна провинција (Курдистан) е можеби некакво решение, но во исто време тоа решение би можело да ги разгори дејствијата на неговите националистички противници во Турција.

Во секој случај, посоодветен потег би била симболичен чекор кој би можело да ја неутрализира оставштината на кемализмот, кој во голем степен владее во Анадолија во Турција. Но само кога ќе се сетам колку мајсторски Ердоган ја остави војската без заби, нешто кое беше незамисливо до пред десет години, ќе биде грешка ако го потценам. Врв на сето тоа е дека тој може и да успее.

То Вима – Атина (Анализа на Стратфор)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top