
Веста ја соопштил портпаролот на холивудската двојка, кој рече дека свадбата се одржала во саботата, на 23 август, во Франција.
Актерите се венчале во малата капела на замокот Миравал, во јужниот дел на Франција, во граѓанска церемонија без верски симболи, во присуство на семејството и пријателите.
Како што пренесува АП, сите шест деца на познатиот пар учествувале во церемонијата: Анџелина прошетала до олтарот во придружба на своите два најстари сина, Медокс (13) и Пакс (10), додека нејзините ќерки Захара (9) и Вивиен (6) фрлале цветни ливчиња.
Шајло (8) и Кокс (6) ги следеле носејќи ѕвончиња.

Анџелина и Бред добиле дозвола за брак од калифорниски судија, кој допатувал во Франција за да ја изврши церемонијата.
Бред (50) и Анџелина (39) се заедно од 2005 година, кога се сретнаа на снимањето на филмот „Господинот и госпоѓата Смит“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!


