
Здраво тевефанатици, како сте? Абе многу тапа ова кога треба да се вратиш на работа после одмор, па уште потешко е да се напише што се случувало во таа малата кутија во вашите домови.
Ах шо ми беше убаво, туку, сум ја заборавил процедурата како ми беше за одење на работа. Знам само нешто снуз, гледање вo ѕид, каснење.
Ама ај ја кога каснам, каснам 5-10 минути, ама што е со „Канал 5“, каснат со години. Се враќаш од одмор и на ТВ иде најава за најголемото музичко шоу на Балканот, „Звезде гранда“, па добро бе мајку му… Зошто? Знам зошто, јер овај народ треба да се забавља.
Ај тоа не е ништо, па уште и аудиции во живо ќе имало, па ова е полошо од тоа што сѐ уште се емитува „Сител бамбини“. Деси сега можеби има деца колку неа, ете толку е старо. Тие што сакале да пеат на времето, сега сигурно сакаат да изгори таа касета.
И она што е актуелно на интернет, моментално најголемиот тренд во светот, нешто со истурање вода со мраз врз глава, а покрај тоа и донирање пари, ги зафати сите светски ѕвезди, од Бил Гејтс, Џенифер Лопез, да не ги редам сега еден по еден, па дури и Путин беше предизвикан. Него муабетот ми беше кога ќе дојде ова и кај нас, „ASLIceBucketChallenge“ во Македонија… на македонски начин – само со потурање ладна вода без донирање пари!
Малиот Брат
Малиот Брат
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)
-
Боки 13 влегува во бизнис со медиуми: Од Милано најави отворање на сопствен медиум
-
Експлозијата: Полиен со бензин и запален џипот на таткото на Боки 13
-
ЛГБТ активистот Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање до мојата пријателка од СДСМ, министерката Царовска


