Полициски службеници од Валандово ноќеска, во два часот по полноќ, во дворното место на локалната амбуланта во валандовското село Јосифово фатиле полицаец како пуши марихуана.
Како што соопшти МВР, полициските службеници ги затекнале полицискиот службеник на Граничниот премин-Богородица В.Б.(1977) и Г.Т.(1977), двајцата од село Јосифово, како конзумираат опојна дрога „марихуана“.
При извршениот преглед кај В.Б. бил пронајден и одземен отпушок од опојната дрога. Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Валандово.
За настанот е известен Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.