20 Јануари-18 Февруари
Луѓето родени во овој период поседуваат исклучително богата душа. Тие се мудри и зрели, независно колку години имаат. Не поднесуваат неправдам завист, љубомора и мрза. Најважната работа за нив во животот е достоинството.
21 Декември-19 Јануари
Родените во овој временски период се префинети естетичари, кои често залетуваат во мечти и фантазии. Не поднесуваат досада и рутина, затоа постојано трагаат по нови авантури. Обично успеваат да ги реализираат своите планови, благодарение на силно развиеното шесто сетило.
21 Ноември-20 Декември
Остар ум – ова најдобро ги опишува луѓето родени во овој период. Тие се исклучително креативни и љубезни.
22 Октомври-20 Ноември
Вистински лидери! Овие луѓе вријат од енергија и страст. Поседуваат силна волја за живот и многу тешко би паднале на сопките кои често им ги поставуваат трети лица потикнати од завист.
23 Септември-21 Октомври
Вие сте родени за да победувате! Поседувате силна енергија и волја. Сакате да ги заштитувате блиските луѓе и дефинитивно вие сте најдобриот пријател што човек може само да го посака.
22 Август-22 Септември
Исклучително дружељубиви и комуникативни личности. Овие луѓе се мошне лојални и отворени, што понекогаш им носи непријатности, бидејќи ги запоставуваат своите потреби и желби во името на туѓиот просперитет.
22 Јули-21 Август
Дефиниција за оптимисти! Тие се самоуверени во себе си и тоа секогаш ги привлекува другите, особено оние од спротивниот пол.
21 Јуни-21 Јули
Мили, позитивни, добронамерни и многу топли луѓе. Тие сакаат да се грижат за блиските и никогаш не би предале пријател. Треба да внимаваат, не се сите како нив!
21 Мај-20 Јуни
Овие луѓе најдобро знаат да се прилагодат на промените. Нивната огромна желба да истражуваат и да учат нови работи ги прави независни и слободни личности, кои тешко некој би можел да ги постави во рамка.
20 Април-20 Мај
Идеалисти, кои никогаш не застануваат додека не го добијат она што го сакаат. И најчесто им успева! Никој не може да учествува во трката со нив, бидејќи секогаш умеат како да бидат подобри од најдобриот.
20 Март-1 9Април
Секогаш успеваат да најдат баланс во својот живот и никогаш не одат до крајности. Луѓето ги почитуваат и им се восхитуваат. Не се луѓе што би ги имале за една ноќ. Остроумни се и знаат како да ви влезат под кожа.
19 Февруари-19 Март
Овие луѓе се дефиниција за достоинство. Никогаш не се служат со валкани игри и ги презираат луѓето кои поминуваат на мала врата, нечесно. Верни се до крај, се додека некој не си поигра со нивната доверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.