Сања Николиќ и Марко Маринковиќ – Слаткар вечера вечер го изиграа првото брачно танго и тоа на тактовите на “Кажи да” песна која младоженецот ја направил специјално за оваа прилика.
Манекенката и раперот денеска по четири години врска си се заколнаа на вечна љубов, а во еден скопски ресторан ги собраа роднините, приајтелите, колегити и соработниците на свадбена веселба.
Иако Слаткар е дел од домашниот забавен музички свет, но нели македонска свадба без народна музика и ора не бива, затоа тазе брачната двојка решила веселбата да почне со македонски песни и ора, а до крајот ќе има музика за сите вкусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.