Во струшкото село Горно Татеши попладнево во 14.15 избил пожар на отворен простор и е опожарена нискостеблеста шума, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
На терен има една екипа од четворица пожарникари и едно возило. Во тек е и испраќање осумчлена екипа од Шумското претпријатие.
Пожар е појавен и на територија на Албанија на границата со Македонија, кој се држи под контрола и се уште е лоциран на албанска страна.
– На терен има ангажирано од Националниот парк Галичица и Територијалната противпожарна единица Охрид, соопшти ДЗС и додава дека будно ја следи состојбата на границата и ќе известува за секоја новонастаната ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.