
Старите навики тешко се менуваат, особено тоа важи за италијанскиот фудбалер Марио Балотели.
Балотели кој пред неколку дена од Милан мина во редовите на Ливерпул и натаму мака мачи со „маркерите“ за тренинг.
Италијанецот доцнеше на вчерашниот тренинг, а како главна причина за ненавременото започнување на тренингот, Балотели го навел проблемот со опремата.
Англиските медиуми успеаја да го регистрираат моментот, потсетувајќи дека „Супер Марио“ и во минатото кога беше член на Интер, Манчестер Сити и Милан, честопати се правдал со истиот проблем.
Сепак, топката ја смири менаџерот Брендон Роџерс кој најави дека најверојатно Балотели веќе претстојниот викенд ќе го има своето деби за Ливерпул во дуелот со Тотенхем.
– Мислам дека викендов Марио ќе дебитира. Тој е физички добро подготвен, можеби не за цел натпревар, но секако ќе ни биде од помош. Направивме анализа и сметаме дека може да биде во комбинација против Тотенхем, изјави за „Дејли Мејл„ менаџерот Роџерс.
Натпреварот од третото коло на Премиер лигата меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе се игра во недела од 14:30 часот на „Вајт Хат Лејн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


