| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот потпишаа Меморандум за соработка со Afrasia Development Corporation S.A.

 Invest in macedonia-

Денеска, во просториите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата и Afrasia Development Corporation S.A., инвестициска компанија со седиште во Женева.

 Afrasia Development Corporation S.A. активно работи во делот на финансирање и менаџирање на капитални стратешки проекти од областа на енергетиката, туризмот, транспортот и автомобилската индустрија.

 Со потпишаниот Меморандум за разбирање се воспостави рамка за идна соработка на проекти од споменатите економски области меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Afrasia Development Corporation S.A., која што има огромно искуство и работи во партнерство со глобални институционални инвеститори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top