| четврток, 6 декември 2018 |

УНИЦЕФ со проект за поголемо вклучување на децата со попреченост во образованието

unicef1

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје спроведува тридневни обуки за поголемо вклучување на децата со посебни потреби во образованието.

Со обуките се опфатени седум училишта, а предавач е меѓународниот експерт за инклузивно образование Џудит Холенвегер, која работи и како професор на Универзитетот во Цирих.

Целта е да се спроведе социјалниот модел кој подразбира прилагодување на општеството кон оваа категорија на луѓе, а не нивно прилагодување кон заедницата.

Според Холенвегер, децата со попреченост ги имаат истите права како и останатите, а она на што се посветува внимание на обуките е како да се вреднуваат различностите кај децата.

Од УНИЦЕФ напоменуваат дека целиот процес се спроведува со цел да му се даде поддршка на наставникот кој работи со вакви деца, како да се промени начинот на настава, како и да има на кого да му се обрати доколку има потреба од тоа. Нагласуваат дека за поголема инклузивност на децата со попреченост потребна е тимска работа од сите инволвирани страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top