Најдобро плетен ТВ актер во 2014 година, трета година по ред, е Ештон Kачер, чија заработувачка откако стана дел од серијата „Два ипол мажи“ се проценува на 26 милиони долари, објави „Форбс“.
Неговиот колега од истата серија Џон Крајер е на второ место, изедначен со Марк Хармон од „NCIS“.
Секој од нив заработил по 19 милиони долари во изминатата година. На трето место е Нел Патрик Харис со 18 милиони, а четвртото место го делат Патрик Демпси и Кевин Спејси со по 16 милиони долари.
Топ пет го затвора Тим Ален со 15 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.