Бруто премија од 7,19 милијарди денари, зголемен број на продадени полиси, пораст на профитабилното работење, капиталот, активата и финансиските вложувања. Ова е билансот од работењето на осигурителните друштва минатата година.
Како што рече денеска Миле Поповски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, овој сектор во 2013-та бележи и зголемен број на вработени. Првпат по четири години, осигурителните друштва покажуваат позитивен финансиски резултат, но тоа, додаде, не значи дека претходно прикажаните загуби се поради неуспешно работење.
– Минатата беше уште една успешна година за осигурителната индустрија која повторно евидентира позитивни движења. Пораст се забалежува и во неживотното и во осигурувањето на живот, остварената бруто премија е 2,56 отсто поголема во однос на онаа во 2012-та, а нивото на капитал е 4,67 милијарди денари или четири пати повеќе од минимално потребното ниво – посочи Поповски, презентирајќи ги состојбите пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Ова покажува дека осигурителните друштва се доволно солвентни, со доволно адекватен капитал што овозможува во секое време да одговорат на преземените обврски. И покрај ваквите параметри, оцени Поповски, осигурителната индустрија е се уште во рана фаза на развој, а тоа значи дека има голем потенцијал.
Во осигурителната индустрија моментно работат 1.600 лица, а дополнително се ангажирани уште 1.000. Порастот на вработеноста е 10 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За досегашниот пласман на ЕП: Ракометарите ќе поделат 30 илјади евра
-
Осигурителната индустрија со умерен пораст во првите шест месеци од годинава
-
Ракометарите ќе поделат 40.000 евра за пласманот на шампионатот во Хрватска
-
За еден меч по милион и пол, Реал богато ќе ги награди играчите ако ја освојат ЛШ