| четврток, 6 декември 2018 |

Скакулци го нападнаа Египет

egyptРоеви африкански скакулци се приближуваат кои египетскиот главен град Каиро, од како претходниве денови веќе ги запоседнаа јужните делови на Египет нанесувајќи огромни штети на земјоделските производи.

Кон средината на неделава во повеќето регион на југот од Египет веќе беше прогласена вонредна состојба поради „инвазијата“ на скакулците.

Локалните медиуми објавија дека во некои делови на Египет дури „и небото било црвено од огромииот број скакулци“.

Египетското Министерство за земјоделство соопшти дека има доволно количество пестициди за да се справи со оваа наезда и дека веќе му е издадена наредна на Военото воздухопловство да се вклучи во „битката“ против скакулците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top