| четврток, 6 декември 2018 |

Поликсена Илиоска ја понесе државната награда „Мајка Тереза“

награда м терезаДржавната награда „Мајка Тереза“  денеска во Собранието и беше врачена на Поликсена Илиоска, професор по одделенска настава, дипломиран педагог, основач и претседател на Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК во Скопје.

Наградата се доделува по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на хуманистката „Мајка Тереза“  и тоа за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и соработка меѓу народите и припадниците на различните заедници, култури и вери.

– Оваа награда за мене значи засилување на моите емоции, потхрнување на мојата душа, поттик, сила и мотив повеќе да продолжам по патот на хуманоста, којшто веќе одамна го имам трасирано. И понатаму да помагам неуморно на секому кому му е потребна мојата помош без разлика на која вера, култура или заедница и припаѓа. Но, секогаш со божја помош можеме да одиме напред во животот, изјави Илиоска.

Таа информираше дека денеска во рамките на проектот „Заедно со вас да ги направиме децата среќни“ на Клиниката за детски болести се одржа еден од настаните што ги организира Здружението чиј што основач е таа.

– Во рамки на овој проект барем еднаш месечно планираме пригодна програма за дечињата, како и за време на новогодишните празници на истата Клиника. Од областа на култура планираме продолжување на проеkтите, како што се оние во Крушево и во Скопје, рече Илиоска.

Мајка Тереза (1910-1997) е хуманистка родена во Скопје. Таа била мисионерка на добрината и добитничка на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top