| четврток, 6 декември 2018 |

Онлајн купувањето слави 20 роденден!

Во август 1994 година во станот на едно момче од Филаделфија, се случи првото онлајн купување. Се работи за албумот на Стинг Ten Summoner’s Tales,  продаден за 12.48 долари на сајтот NetMarket.com.

Иако 1994 година на многумина ќе им изгледа како блиска, сепак од тогаш поминаа цели 20 години, па првата онлајн продажба месецов слави јубилеј.

Денес, онлајн шопинг индустријата вреди преку 100 милијарди фунти на годишно ниво, само според статистиките во Британија, не сметајќи ги другите држави. Па така, ако порано со недоверба се пристапувало кон онлајн купувањето, стравувајќи за податоците од кредитните картички, сега 95 проценти од Британците се одлучуваат на ваков начин на купување, а еден од четири тоа го прави макар еднаш неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top