| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ќе преживее Malaysia Airlines?

Авиокомпанијата „Malaysia Airlines“ има намера да отпушти од 3.000 до 4.000 вработени по двете авионски катастрофи, во март и јули оваа година.

Државната инвестициона компанија „Khazanah National“, која поседува 70 проценти од капиталот на малезиската авиокомпанија, утре треба да одржи состанок по повод најавеното отпуштање на работниците.

На крајот на минатата година  во „Malaysia Airlines“ беа вработени 19.577 работници.

Компанијата меѓу 2011 и 2013 забележа загуба од 962 милиони евра.

Во првиот квартал од 2014 година регистрирана е загуба од 103 милиони евра поради вртоглавото откажување на резервациите по мартовското исчезнување на авионот MH370 над Индискиот океан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top