| четврток, 6 декември 2018 |

Две жени се повредени во верижниот судир кај Влада

Две жени се повредени во сообраќајната незгода на мостот Гоце Делчев во Скопје. Тие со брза помош се пренесени во клиниките во Скопје.

-Се работи за верижен судир на пет возила кои се судриле во 9 часот утринава. Се судриле голф, мерцедес, форд, пежо и опел, сите со скопски регистарски таблички. Досега две жени се пожалиле на повреди. Едната е возач ба возилото пежо и таа е префрлена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, а другата била сопатник во голф, која е пренесена на Ургентниот центар вели за „Република“, Лиза Бендевска, одговорна за односи со јавност на СВР Скопје.

soobracajka-6 soobracajka-5

soobracajka-2 soobracajka-1 01 soobrakjajka (Custom)

ФОТО: РЕПУБЛИКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top