Две жени се повредени во сообраќајната незгода на мостот Гоце Делчев во Скопје. Тие со брза помош се пренесени во клиниките во Скопје.
-Се работи за верижен судир на пет возила кои се судриле во 9 часот утринава. Се судриле голф, мерцедес, форд, пежо и опел, сите со скопски регистарски таблички. Досега две жени се пожалиле на повреди. Едната е возач ба возилото пежо и таа е префрлена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, а другата била сопатник во голф, која е пренесена на Ургентниот центар – вели за „Република“, Лиза Бендевска, одговорна за односи со јавност на СВР Скопје.


ФОТО: РЕПУБЛИКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


