Актуелниот шампион во Англија Манчестер сити ја демонстрираше својата фудбалска моќ откако вечерва славеше со 3-1 над Ливерпул.
Јоветиќ одигра на висина на задачата, постигнувајќи ги првите два гола на натпреварот, пред Агуеро да зголеми на 3-0 со својот прв допир со топката по влегувањето во игра на местото на Џеко.
Единствениот погодок за Ливерпул всушност беше автогол на Забалета по обидот на Ламберт, а голем проблем за стратегот Роџерс сигурно претставуваат повредите што во последните десет минути ги заработија Џонсон, Шкртел и Морено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.