| четврток, 6 декември 2018 |

Топол културен бран во Пробиштип, Неготино, Кривогаштани и Кочани

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“. Општините Пробиштип, Неготино, Кривогаштани и Кочани ја отвораат оваа недела со богат блок културни настани.

Од 25 до 29.8.2014 во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, општина Неготино, ќе се одржи ревија на пет македонски филмови од Кинотеката на Република Македонија. Ревијата ќе ја отвори култниот македонски филм „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски. Нa 25.8.2014 во општина Кочани, со почеток во 10 часот, на Пониква ќе биде отворена ликовна колонија, каде што до 29.8.2014 ќе творат повеќе познати ликовни уметници.

На 27.8.2014 општина Кривогаштани, населено место Обршани, ќе биде домаќин на целовечерен концерт на културно-уметничките друштва: „Илинден“ – Кривогаштани, „Пелагоника“ – Обршани, „9 Септември“ – Македонски Брод, „Голо Брдо“ – Република Албанија и „Воден“ – Република Грција. Истиот ден во општина Пробиштип, со почеток во 20 часот, на платото пред Домот на културата ќе се одржи вечер на музика, уметност и мода со настап на „Етно-џез трио“ од Кочани и балетското студио „Диви рози“ од Пробиштип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top