| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна ликовна колонија „СКОПЈЕ 2014“

Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и Хотел Солун, започна со работа 9-та по ред Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“ која се одржува од 20-ти до 30-ти Август во Хотел Солун, Скопје. Оваа година на своите ликовни дела свој потпис ќе остават десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини: Татјана Манева, Валбона Атанасовска, Дејан Иванов, Гоце Илиевски и Коста Клифов од Македонија, како и Роман Кисјов од Бугарија, Зоран Илиќ од Србија, Ѓулај Инче од Турција, Клаудија Шефлер од Германија и Александар Вукотиќ од Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top