Спелеолози од Македонија, Словачка и од Чешка завршија со годинашните истражувања на пештерата со вода под Солунска Глава, на изворот на Бабуна.
Со финансиска поддршка на Општина Чашка во изминатите десетина дена во пештера под Солунска Глава, кај изворите на реката Бабуна, веќе трета година истражувања вршеа спелеолози нуркачи од СД „Пеони“ од Скопје заедно со осум спелеолози нуркачи од Словачка и двајца од Чешка.
Како што информира Иван Жежовски од Спелеолошкото друштво „Пеони“ од Скопје, годинава се истражени уште 900 метри во водните длабочини или вкупно 2,5 километри, а што според него води до заклучок дека токму во овој пештерски комплекс се кријат најголемите резерви на вода за пиење во Македонија.
– Истражувањата продолжуваат понатаму, очекуваме во наредните експедиции да се појави комплицираниот пештерски систем. Има многу варовник и вода, плановите се следната година повторно да продолжиме се подлабоко. Имаме потешкотии, но сепак мора да се напомене дека ова се првите истражувања направени воопшто по што истиот простор ќе биде соодветно третиран – информира Жежовски.
Словачките и чешките спелеонуркачи, кои три години по ред ја спроведуваат експедицијата, за медиумите нагласуваат дека се задоволни од новите откритија. Воедно најавија дека сите истражувања ќе ги документираат и дека ќе бидат достапни за јавноста по целосното истражување на комплексот.
Чешкиот спелео нуркач Даниел Лотњан смета дека овој пештерски комплекс има огромен потенцијал за спелеотуризам. Тој појаснува дека пештерата што ја истражуваа е многу стара и фосилна и по сумирање на резултатите има потенцијал да биде прогласена за најголема пештера во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овде живеат вистински пештерски луѓе (фото+видео)
-
Момчињата спасени од пештера во Тајланд се повлекуваат во будистички храм
-
Ниедно дете во историјата никогаш не нуркало вака – проговори еден од спасувачите на децата од пештерата
-
Нова драматична снимка од пештерата: Илон Маск влезе во третата поплавена комора


