| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Ло блескава и сексапилна на Музичките награди на „Ем-Ти-Ви“ (ФОТО)

Иако има 45 години и е мајка на две деца, таа изгледа подобро од многу помлади девојки од неа. Со затегнато тело, негувана сјајна кожа и младешки изглед, што и да облече ѝ стои совршено.

јен

Но, кога ќе одбере нешто дополнително провокативно, разголено и сексапилно, веќе сфаќате зошто сè уште е една од најактуелните ѕвезди и е забележана каде и да се појави.

јен 2

Во долг сребреноблескав фустан, дизајниран од Шарбел Зо (Charbel Zoe), со висок разрез на левата нога, целиот од светкав материјал и прекриен со кристали, изгледа неодоливо, стилски и софистицирано на црвениот тепих на Музичките награди на „Ем-Ти-Ви“ за 2014 година.

јен 3

Дополнително, кога ќе го погледнете горниот дел со сите линии што се прекрстуваат по нејзиното тело и колку што ја покриваат, толку повеќе и ја откриваат, прават целото внимание да биде насочено на секое нејзино движење.

јен 4

јен 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top