Фудбалерите на Барселона предводени од новиот тренер Луис Енрике, со победа ја започнаа новата сезона во Примера, така што на „Ноу Камп“ со 3-0 го совладаа Елче.
Каталонците го отворија резултатот со голот на Меси пред крајот на првото полувреме, но не им пречеше фактот што од 44. минута играа со играч помалку, бидејќи беше исклучен дефанзивецот Хавиер Маскерано.
Во 46. минита зголемија на 2-0, а стрелец на голот беше 19-годишниот Ел Хадади, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Лигата на шампиони за младинци.
Конечните 3-0 за Барселона ги постави Лео Меси со неговиот втор погодок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.