| четврток, 6 декември 2018 |

Ако Ник Кенон ја изнесе „валканата облeка“ ќе остане без богатство

ник

Познатата пејачка Мараја Кери (44) и нејзиниот сопруг Ник Кенон (33) се пред развод при кој двојката ќе треба да подели 500 милиони долари, но тој мора да ги исполни  нејзините ултиматуми.

Актерот  покрај предбрачниот договор потпишал и договор за доверливост во кој се наведува дека тој не смее да зборува за разводот. Ако тој изнесе детали за разводот тогаш ќе мора да плати казна во висина од неколку стотици илјади долари. Него му било дозволено само да потврди дека повеќе не живеат заедно.

Претходно, беше објавено дека една од главните причини за разводот е тоа што поп-дивата го малтретирала сопругот, особено откако во едно ток-шоу тој јавно признал дека пред неколку години водел љубов со американската старлета Ким Кардашијан.

– Ник мрази што Мараја го третира како слуга. Му дава список со обврски и постојано му наредува. Сепак ситуацијата се влоши откако тој јавно призна дека имал секс со Кардашијан, тоа многу ја налути Мараја – открил доброупатен извор и додал дека иако двојката во јавност изгледа како да се во идиличен брак сепак тие се далку од тоа.

Според договорот само Мараја смее да изнесува детали за разводот.

Мараја и Ник пред три години ги добија близнаците, ќерката Монро и синот Морокан, за кои двајцата ќе водат битка за старателство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top